| |

21-во издание на Меѓународниот кукерски фестивал „Симитлија-Древната земја на кукерите“

Оваа сабота и недела, на 11 и 12 јануари во општина Симитли се одржа еден од најголеми фестивали за маскарадни игри – Интернационалниот кукерски фестивал „Симитлија – Древната земја на Кукерите“. Општина Симитли веќе 21 година пречекува илјадници кукери од целата земја за време на традиционалниот фестивал. Веќе 21-ва година по ред, градот станува сцена на импресивен спектакл кој ги комбинира древните обичаи и модерниот дух. Во текот на двата фестивалски дена гостите имаа можност да уживаат во прекрасното дефиле на кукерските групи кои на секој фестивал го исполнуваат стадионот „Септември“ во Симитли.

Почетокот на фестивалот беше поставен со голема поворка на чуварите на традициите од целата општина Симитли, кои се собраа на централниот плоштад. Ѕвонењето на стотиците тешки ѕвона беа воведен дел на фестивалот. Колоритното оро со развиорени знамиња тргна од центарот на градот, покрај храмот во Симитли, до стадионот.

Група по група, учесниците од цела Бугарија покажаа дека ова традиција е жива.

Во првиот ден на фестивалот се представија гостите од Софија, Јамбол, Пловдив, Стара Загора, Силистра, Пазарџик, Разлог, Петрич, Ќустендил и Перник.

Вториот ден на фестивалот е резервиран за групите од општина Симитли. На стадионот дефилираа учесници од Полето, Черниче, Крупник, Брежани и Полена, како и групите од општинскиот центар Симитли. Групите имаат меѓу 100 и над 350 учесници од сите возрасти. Своите маски ги покажаа уште бабугерите од Банско, станчинарите од Петрич, бабугерите од Коларово, кукерите од ќустендилското село Гирчевци, а исто така и од градот Сапарева Бања.

Како финале на дводневниот фестивал се претставија групите од областниот центар Благоевград.

Фотографии од овој прекрасен фестивал можете да погледнете на сајтот www.simitli.info.

Слични Објави