23-ГОДИШЕН КУМАНОВЕЦ СО КРИВИЧНА ПОРАДИ НАРКОТИЦИ

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.А.(23) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од таму, на 12.08.2019 на ул.„Моша Пијаде“ во Куманово полициски службеници при извршен преглед на пријавениот пронашле и одзеле марихуана.