| |

2Bona ќе настапат во Bedroom Beach во Бугарија

Познатото македонско дуо 2Bona ќе настапи овој петок, 31 јули, во Bedroom Beach на Сончев брег, Бугарија. Марио Јелиќ и Антонио Стојановски го основаа проектот во 2015 година, а денес важат за едни од највлијателните имиња на балканската трап-сцена, јавува 24 часа.

Нивната музика вообичаено се слуша во клубовите по полноќ, но концептот во Bedroom Beach ќе биде поинаков. Хитовите на 2Bona ќе звучат под отворено небо, во амбиентот на плажата. Почетокот на настапот е планиран околу 16 часот.



Слични Објави