| |

36,91

How does it feel To be on your own With no direction home Like a complete unknown Just like a rolling stone?

Македонците вчера решија да и покажат црвен картон на “елитата” која со години наназад го потценува достоинството на граѓанинот. На гротескните политички ликови кои функционираат како паразити, спакувани и збогатени во деловно-научен сендвич заради подобар вкус кај потрошувачите.

И сега избирачкиот список е проблем г-не Премиер? Европска Македонија е проблем?

Граѓаните просто решија да соопштат дека немаат доверба во носителите на политичките процеси во земјава. Во таа концентрација на корупција и криминал решија да не учествуваат, решија и соопштија дека немаат доверба.

Колкумина од оние кои сериозно го “ протресоа “ општеството во декември 2016 и денеска го имаат истото чувство на “исклученост” ? Понудивте нешто квалитативно поинаку?

Двата длабоко вкопани табори ќе продолжат и понатаму со своите победнички математики предизвикувајки дополнителна поларизација на општеството бидејќи и понатаму ќе бидат “завиткани” во сопствената таинственост, “ мудрост и неопходност” . Независно што решението можеби им е пред носот, нема да посегнат по него затоа што толку знаат – тие не се дел од решението, тие се проблемот. Можеби некој од многуте “ лидери” во земјава ке собере малку храброст и ќе и твитне на Могерини – преговараме во името на никој! Како што разни Бајрамовци не се персонификација на НАТО и ЕУ, уште помалку Молњата Влахова пример за патриотизам, така и македонските граѓани не гласаа против Западот, а против домашниот ориентализам.

Автор: Ѓорѓи Трендафилов, претседавач на Управувачкиот Комитет на Граѓанско Демократска Унија- УК на ГДУ



Слични Објави