37 НОВОЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУС, 6 ЛИЦА ПОЧИНАА ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСА

Министерството за здравство денеска информираше дека во последните 24 часа се направени 484 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19, шестмина починати и 251 оздравен пациент.

„Починати се 6 пациенти, од Скопје (73г), Струга (79г), Гостивар (55г), Крива Паланка (63г), Делчево (86г) и од Кичево (74г). Сите се починати во болнички услови“, велат од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.127, бројката на оздравени пациенти е 12.486, на починати е 623, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 2.018.

Најмногу новозаболени од последната статистика има во Скопје-9, па следат: Дебар-1, Прилеп-5, Тетово-3, Гостивар-1, Гевгелија-12 (странски државјани), Струмица-1, Радовиш-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Делчево-1, Кратово-1.