|

ДОБРА ВЕСТ ЗА СЕЛЕКТОРОТ: МИТРЕВСКИ Е НАЈДОБАР ГОЛМАН ВО СЕХА-ЛИГАТА

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац, може да биде (пре)задоволен од формата на еден од двајцата сигурни голмани за претстојното Европско првенство (ЕП) 2020, Никола Митревски, кој според статистичките параметри е најдобар чувар на мрежата во досегашниот дел од СЕХА-лигата.

По завршување на групната фаза во ова регионално натпреварување, ракометарот на Еурофарм Пелистер е на врвот на листата со 89 одбрани Токму неговиот добар настап е причина што битолскиот суперлигаш дојде до низа важни бодови со кои избори пласман во нокаут-фазата.

Извор: Спорт1



Слични Објави