|

СДСМ: За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски набавувал струја со 3 до 4 пати повисока од пазарната цена

Христијан Мицкоски во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ 12 години години беше на раководни позиции во енергетиката како директор на ЕЛЕМ и како советник за енергетика во владата на криминалецот во бегство Груевски, велат од СДСМ. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера објави информации за продажбата на ноќните вишоци на електрична енерија, тврдејќи дека надлежните ги оштетиле македонските граѓаните за 10 милиони денари.

„Мицкоски како директор на ЕЛЕМ набавувал електрична енергија по цена 3-4 пати повисока од пазарната. Во негово време цената на струјата е покачена за 100 Ова се случувало во време кога немало никаква криза. А сега кога светот е во голема економска и енергетска криза Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ седат на страна, кочат, блокираат, одмагаат наместо да им помогнат на граѓаните, на државата. За разлика од нов, СДСМ презема навремени и ефикасни мерки за ублажување на ударот на кризата“, велат од партијата.

Слични Објави