ЗОШТО МАКЕДОНИЈА НЕМА РОДИТЕЛИ

//

Лидерите се многу уникатни луѓе. Истите имаат идентични особини од кои едната е тоа дека нивното размислување е различно од другите. Имаат поинакви погледи од другите луѓе и тотално различна перцепција на нештата. Јас тоа нешто го нарекувам духот на лидерството.

Има само две животни на планетата на кој што креаторот им дал лидерски особини. Првото е орелот, а второто е лавот.

Ако лидерот на универзумот им дал нешто посебно на овие две животни, ајде ние да се обидеме барем да научиме пример, зошто лавот е крал на животинското царство на земјата.

Лавот не е највисокото животно во џунглата, не е најголемото, не е ниту најтешкото или најинтилигентното животно, но сепак е крал на животните. Не е повисок од жирафата, посилен од горилата, поинтелигентен од хиената, поголем од слонот или потежок од нилскиот коњ. А кога тој ке се појави сите бегаат. И покрај сите недостатоци тој е крал.

Што е тоа што лавот го прави да биде толку посебен?
„Армија од овци водена од лав секогаш ќе победи армија од лавови водена од овца.“ Лидерството може да трансформира кукавици во страшни воини. Лавот е крал на животинското царство, со еден збор, поради неговиот СТАВ. Тој има различен став со кој што секое животно му се ПЛАШИ. Ние не сакаме да бидеме водени со страв но потребна е почит.
Исто и во ЏУНГЛАТА, слонот го почитува лавот, жирафата го почитува лавот, горилото го почитува лавот. Што ги тера овие масивни и силни животни да ја почитуваат ова МАЧКА? Различен им е ставот.

На пример лавот кога ќе здогледа слон и првото нешто што му доаѓа на памет е ручек. Слонот е 10 пати поголем од лавот, 50 пати потежок од него, со една нога може да го уништи. Но кога лавот го гледа слонот не го гледа како големина, килажа, моќ. Тој го гледа како ручек, тоа е неговата мисла. Големината, моќта интелигенцијата и силата не се проблем, поради тоа што мисли дека може да го изеде, затоа го напаѓа. Еве нешто чудно. Слонот е по паметен, посилен, потежок, поголем, но кога ќе го види лавот си мисли доаѓа предаторот, слонот е контролиран од начинот на тоа како тој размислува, тој мисли за себе дека е ручекот. И покрај сите предности што ги има, тој е жртва на сопствените мисли.
Не е важно колку си голем, силен, моќен, интелигентен, колку дипломи имаш. Умот те прави мал. Исто така не е важно колку си слаб, мал, неинтелигентен, умот те прави лидер. Разликата од лидер и следбеник е ставот.

Кога лидерот ќе донесе одлука, на прво место да ги става животите и безбедноста на луѓето во организацијата, да си го жртвува својот комфорт, да покаже грижа и да ја преточи во дела, со цел луѓето да се почувствуваат безбедно и дека навистина припаѓаат во организацијата и да не ја напуштат, е тогаш се случуваат извонредни нешта.
Доколку го нема ова скапоцено нешто, тогаш сме приморани ние самите да развиваме методи на заштита и да се заштитиме дури и еден од друг а тоа автоматски ја слабее организацијата. Ако се чувствуваме безбедно внатре во организацијата, тогаш ќе ги комбинираме нашите таленти и нашите сили и ќе работиме заедно да ја минимизираме опасноста која се заканува надвор од организацијата.

Најдобро што можам да го опишам лидерот со еден збор е зборот родител. Добар родител сака на детето да му даде можности, добро образование, добро здравје, дисциплина, се со цел да може да расте и да успее повеќе и од самиот родител. Големите лидери идентично го сакаат ова за своите луѓе.
Дали некој родител ќе се откаже од своето дете или уште полошо да го жртвува? Не! Исто така постапуваат и правите лидери.



Секој еден од самопрогласените лидери ќе ги жртвува сопствените луѓе за да ги заштити сопствените интереси. Тука се прекршени природните закони на лидерството. Големите лидери никогаш нема да ги жртвуваат луѓето за да ги заштитат парите, туку обратното ќе ги жртвуваат парите, за да ги спасат луѓето.
Кога ќе го направат лидерите сето ова, моралот на целата организација оди нагоре бидејќи сосема е природно да се појави чувство на доверба и кооперативност и тогаш се случуваат чуда.

Лидерството е избор, тоа не е ранг. Познавам многу луѓе кои се меѓу врвот на ОРГАНИЗАЦИИ, но не се лидери, тие се само лажни авторитети и луѓето прават што ќе им кажат, бидејќи им се претпоставени, но сепак нема да ги следат. Но исто така познавам луѓе кои се на дното на организациите и немаат никаков авторитет, но се апсолутно лидери, бидејќи тие одбрале да се грижат за човекот од нивна лева и десна страна. Всушност тоа е лидерот, грижата за своите.

Ги викаме лидери бидејќи одат први, ги викаме лидери бидејќи први го прифаќаат ризикот, ги викаме лидери бидејќи тие ќе одберат да се жртвуваат за нивните луѓе да бидат безбедни и заштитени и кога ќе го направат тоа нешто, природната реакција е самите луѓе ќе се жртвуваат за лидерите. Ќе ја дадат својата крв, своите солзи, пот, здравје, време, за да видат како се остварува визијата на лидерот и кога ќе ги прашаат зошто го правите тоа за тој човек толку многу давате за него, сите ќе го дадат истиот одговор, а тоа е бидејќи и тој ќе го направи истото за мене.

Поради сето ова во минатото во Македонија имало лидери а сега се во страшен дефицит. Колку луѓе можат да се пофалат дека работат или се дел во една ваква средина или пак колку политички партии имаат навистина лидери а не претседатели и концептот на лидерството го покажуваат на дело? Лидерството не е возможно да се одглуми, тоа се гледа и се чувствува. Во Македонија има премногу политика и политички партии, но лидери недостасуваат. Недостасуваат родители на ДРЖАВАТА.

Политиката како врв на сѐ требаше да биде расадник на лидери, но сосема спротивното го видовме 28 години наназад. Имам слушнато за позитивни примери во деловниот свет за лидери. Прво што ми паѓаат на памет е фирма која што од скоро е мобилен оператор, фирма за обезбедување, па дури има и лидерство во Cash back организација, но за жал во политиката примерите се многу мали.
Јас сум имал можност и сѐ уште ја имам, да работам и творам во една таква средина каде ги има елементите на лидерството.

Оставете ја политика настрана, да создаваме повеќе лидери. Нема од што да се плашите.

Автор: Борче Пачемски, претседател на ГДУ-Штип

Претходна статија

ГДУ-ОХРИД: УШТЕ КОЛКУ ВРЕМЕ ТРЕБА ДА ЧЕКАМЕ ЗА ФАМОЗНИОТ СТАЦИОНАР ?

Следна статија

ОБЛАЧНО ВРЕМЕ СО ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ

Најново од Истакнато

Потрага по идентитетот

Facebook статус на Никица Корубин Три достапни документи: Преговарачката рамка на 25 страници, Заклучоците на Советот