4 ГОДИНИ ОД КРВОПРОЛЕВАЊЕТО ВО КУМАНОВСКО „ДИВО НАСЕЉЕ“
Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ пред 4 години на 9 ти мај заминаа да апсаат шверцери на дрога. Никогаш не се вратија, бидејќи влетаа во заседа во тесната улица во кумановското „Диво насеље“.
Тие добија „медали за храброст“, 10 напаѓачи ја делат нивната судбина, а 8 од 37-мината упасени добија доживотна казна затвор. Се уште се бараат одговори кој и зошто сакаше да се случи „Диво насеље“.
„Диво насеље“ заглави и кај специјалното јавно обвинителство. Шансите Јанева да го превземе предметот се многу мали. (Повеќе)

