49 ЛИЦА ГО ПРЕКРШИЛЕ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС, ПРИВЕДЕНИ СЕ 37
Во текот на изминатите 24 часа вкупно 49 лица во државата не го почитѕвале полицискиот час, при што 37 биле приведени, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Статистиката на МВР покажува дека за изминатото деноноќие решенија за изолација им се издадени на 26 лица, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација. Полициските службеници кои извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, не евидентирале лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
