5 НИВОА НА УДОБНОСТ ВО ВРСКАТА ШТО НЕ ТРЕБА ДА ГИ ДОСТИГНЕТЕ

Кое е вашето ниво на удобност во вашата врска? Ако е високо, веројатно имате тенденција да се опуштите пред вашиот партнер и да си дозволите да се појавите непристојно, со не многу чиста коса, со развлечена непеглана облека или да си дозволите да ги чувате алиштата за перење цела недела.

Нивото на удобност во секои врски е различно. Некои парови се приближуваат многу едни до други.

Но, не одете премногу далеку, бидејќи можете да ги надминете дозволените граници. Погледнете кои нивоа на удобност никогаш не треба да ги достигнете и зошто.

Да го гледате вашиот партнер како го користи тоалетот

Ослободувањето на течности и празнењето е сосема нормален природен процес кој е присутен во животот на секого. Како и да е, тоа не значи дека треба да им го прикажете тој процес и на вашите најблиски. Некои луѓе се срамат да ги слушаат нивните интимни половини додека се во бањата, а камоли да ги видат.

Колку и да ве сака вашиот партнер сигурно не би „скокал“ од радост да ги гледа овие глетки и да ги „трга“ мирисите кои доаѓаат од тоалетот.

Не ослободувајте гасови пред партнерот

Ослободувањето на гасови е друг човечки процес кој сепак, ги надминува границите на прифатливо. Многу мажи се шегуваат за оваа природна непријатност што понекогаш е неопходна и ја прават гласна, смеејќи се. Но, ако сте жена и го правите тоа, не е баш сигурно како ќе биде прифатена оваа постапка. Некои работи треба да се случуваат само кога сте сами.

Не споделувајте детали за вашиот циклус

Мажите се преплашени од менструацијата. Тие тоа го замислуваат како голема крвава касапница која ако е прикажана со зборови, ќе ги натера да не ве посакуваат подолго време.


Не се откажувајте од обидот да се импресионирате едни со други

Кога сте во долга врска и живеете заедно, постепено се намалува поривот да се потрудите да го/ ја импресионирате вашиот/та сопруг/а. Добро се познавате, што ве тера да се чувствувате мрзливи да се облекувате официјално, да имате заеднички состаноци надвор за вечера, едноставно затоа што сте поминале низ овој период. Без оглед колку сте блиски, не престанувајте ја оваа традиција. Го задржува пламенот во врската.

Не гледајте во други луѓе со страствен интерес

Ако сте моногамен пар, тоа веројатно би било проблем за едниот партнер, ако вие страсно гледате некоја друга особа. Дури и ако се чувствувате сигурни во љубовта на вашиот партнер не правете го тоа. Вниманието кон другите луѓе може да стане проблем за вашата врска, особено ако не водите полигамен начин на живот.