5 ПОСТАПКИ НА ПАРТНЕРОТ КОИ МНОГУ ЗБОРУВААТ ШТО ТОЈ ЧУВСТВУВА ЗА ВАС

Во една врска, секој љубовта ја изразува на различен начин. Приврзувањето е многу важно и не е присутно во секоја врска. Нашиот начин на искажување на љубовта, покажува што е тоа што го цениме најмногу во врската и во нашиот/та партнер/партнерка.

Што открива неговата приврзаност и постапки?

Тој ве слуша
Ако вашиот партнер е подготвен да ве слуша, да ве поддржува во тешките периоди и моменти на радост, ова е индикатор дека тој не само што е добар слушател, туку покажува дека ја цени довербата во вашата врска. Исто така, тој придава важност на комуникацијата, што пак ја продлабочува вашата врска.

Тој сака да се бакнува и да често да ве гушка
Во првите месеци од врската, љубовниците обично повеќе се гушкаат. Ако, по почетната еуфорија, овој вид на блискост, како и бакнувањето, сè уште се случува помеѓу вас, тоа е показател дека тој го цени времето поминато со вас. Со овие гестови на интимност тој се обидува да ви ги пренесе своите емоции без да употребува зборови.

Ги поддржува вашите идеи
Во една врска, двете лица имаат заеднички но и индивидуални цели. Вторите обично се однесуваат на нашата желба да се развиваме професионално. Ако тој ги поддржува вашите идеи, не е загрижен за вашите успеси, но е горд на вас, значи дека тој го цени вашиот личен простор, дека ве цени како личност.

Ви помага во домаќинството
На балканските простори малку е тешко е да се убеди мажот дека нема ништо срамно или погрешно ако ви помогне во работата на домаќинството. Ако вашиот партнер е оној кој не одбива да ви помогне, тој не само што е длабоко поврзан со вас, туку и ја цени еднаквоста во врската.

Ве гушка кога сте со блиски луѓе
Некои мажи доста смело ги покажуваат своите позитивни емоции кон своите партнерки во присуство на пријателите и роднините. Има такви за кои ова е некултурно, безобразно и срамно. Ако партнерот покажува внимание и нежност кога не сте сами, тоа значи дека сте ценети како партнер и дека сака секој да разбере за неговата љубов кон вас.

Слични Објави