|

Обвинителката до Жан Митрев за одложувањето: Веројатно е страв од доказите

Обвинителката Искра Хаџи – Василева која го гони Жан Митрев за „измама“ посочи дека се надева оти следното судење конечно ќе се одржи, откако денешното се повторно се одложи. Таа кажа дека адвокатите на Митрев ги има сите докази.

„Нема што многу да се каже. И денеска се одложи. Се надевам дека наредното конечно ќе почнеме, за да се соочиме во судница, каде единствено може да ги изнесеме фактите и доказите. Веројатно е страв од доказите овој обид за одбегнување на почнување на расправата“, вели Искра Хаџи- Василева.

Ја објасни и процедурата како се добиваат докази од Обвинителството.

„Невистини се бројот на страни и докази“, рече обвинителката во делот на обвинувањата дека адвокатите добиле многу докази, кои требало да ги разгледаат за кратко време.



Слични Објави