Драган Павловиќ Латас денеска не се појави во Кривичниот суд каде што му се суди за случајот „Тотал“
Новинарот Драган Павловиќ Латас денеска не се појави во Кривичниот суд каде што му се суди за случајот „Тотал“, поради што рочиштето се одложи. Наредното е закажано за 11-ти април.
Одбраната на обвинетиот рече дека Павловиќ не може да присуствува на денешното рочиште од семејни и лични причини, за што било известено и Специјалното јавно обвинителство.
Според обвинението на СЈО, осомничениот давал лажни податоци во завршните сметки и даночните пријави при што преку правните лица затаил данок во износ од 7.466.981 денар или 121.414 евра, а лично физичкото лице затаило 3.876.471 денар или 63.032 евра.