|

АА: МЕРКО ГО УНИШТУВА НАШЕТО БОГАТСТВО ДОДЕКА ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ ЦВЕТА ВО СТРУГА

„Арогантното и неодговорното однесување на градоначалникот на Струга, уште еднаш покажа дека дивоградбите во Струга се прават со знаење, амин и згора на тоа и со негово стимулирање. Повеќето од тие што градат околу езерото и не само таму, ги кажуваат истите зборови: „Се договоривме со Рамиз““ , се вели во реакцијата на партијата Алијанса за Албанците на изјавата на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко дека не му е гајле за реакциите на невладините и на јавноста за нелегално изградените објекти во градот.

„На овој уништувач на секоја вредност и богатство на граѓаните на Струга, не му е местото таму. За жал, институциите стануваат алатка на криминал и криминалци како Рамиз. Уште еднаш ги покануваме полицијата, обвинителството, судот, владата, да преземат мерки сѐ додека не стане предоцна. Нашето богатство се уништува и узурпира, додека организираниот криминал цвета на секој агол на Струга – стои во реакцијата на Алијансата за Албанците.



Слични Објави