| |

75 години од идејата за обединета Европа

Пишува: Христо Михајлов

Кога во средината на 9-то столетие конечно се распадна империјата на Карло Велики, првата средноевропска империја, тогашна разкината Европа буквално се преобрати во безброј арени на помали кавги, зашто во појавените одделни државици дотогашните вазали сакаа да ја играат улогата на самодржавници. И токму по тој начин, во веќе разгорештените политички борби на местна почва, започна борбата за општественото, стопанско и државно формирање на Европа. Додека уште во раните борби вперени против Истокот се оцртуваше една германска национална држава, истата за да најсетне се оствари во пракса одвај после илјада години, баш во тоа време Франција, од времето на Ил де Франс, некако успева да им се наметне на своите вазали и во Стогодишната војна со Англија ја зацврстува својата државна форма. Но истовремено се зацврстува и Шпанија како таква, откако ги победува маврите. Но, воопшто земено, Средновековието клони кон својот неминовен крај при појавувањето на безтатковинските ландскнехти.

Големиот обрат

Во самото преминување од мрачното Средновековие кон поновото време се раѓа како таква и континенталната идеја. Европскиот стремеж кон истражување и претприемачки дух од своја страна ги откриваат далечните простори на несогледливата земја, откако истовремено ги исцртуваат границите на континентот и за првпат го учат да се осознае како една културна, стопанска и политичка единица. Па така, самата Европа станува ни помалку ни повеќе, туку Родина. Додека Ренесансата во Италија го пали факелот на класичната древност за да го зарие светот и воопшто човештвото во нова светлина, тогаш Португалци, Шпанци, Холанѓани и Французи ја завладуваат земјината топка за западната култура. Но, на носителите на тоа единствено по својот род дело во историјата на човештвото, изгледа како да не им беше дадено да се радуваат на неговото конечно довршување. Зашто срцето на тогашна Европа се обливаше во крв под жестоките удари на првата социјална борба на класите – така наречената Селска војна. Започнатата светска трговија создава нови обтегнати односи и буржоазијата како таква станува главен фактор што ги причинувал војните. Врз сето тоа, никогаш нестивнувачките територијални борби добиваат нов поттик, се од трагичниот момент на религиозното разцепување. Големиот обрат не дозволуваше поголемо единство. Па така, цели две столетија Европа стенка во династички и кабинетски војни. Против тоа, на нејзиниот крај, островот Англија премногу добро го осозна своето морско положување и разбра како да заграби сè преку срчано насочување на континенталните сили една против друга. И во таков вид Европа беше исправена пред прагот на најновата историја, сè уште разкината во 181 одделни суверени држави.

Последната етапа

Европа го поставува и својот указателен белег и во почетокот на таа нова историска етапа. Веќе застарените форми се рушат во Француската револуција и нејзиниот голем син својски се обидува да изгради од нивните рушевини една континентална државна постројка. Наполеоновиот гениј ја разбра сета сериозност на тој момент, но историската судбина го спречи да биде директен извршител. Тој требаше само да го подготви патот, нужден за следната стапка на европската историја – стапката од династичкиот принцип кон национално-државниот. Самиот Наполеон Бонапарта ги регрутираше своите легиони од Levee en Masse – првата народна војска, но од нивниот напор се возпламенија и народните идеи. Следуваше цело едно столетие на национално обединителен стремеж и се документира со започнувањето на Првата светска војна, со намалување на бројот на суверени држави од 200 на 28. Така ослободениот дух го создаде грандиозното сечиво на цивилизацијата, и сè додека Европа како таква се грижеше сè уште за себе, надвор по светот благата на земјата беа одново распоредени, зашто векот на техниката ги прегрупира сите политички сили. Па така се роди и Првата светска војна, предизвикана најмногу од надворешни политички сили. Тие истите решија и ѝ наложија на Стариот континент, против неговиот животен интерес, еден непријателски настроен конгломерат од 36 држави. Надвор од патот, започнаа да се образуваат огромни стопански животни пространства. Европа, осиромашена и со само 8 држави, се окопа зад огромните ѕидови на взаемно недоверие и вооружување и остана назад во стопанско-политички поглед. Меѓутоа, од Исток, се задаваше црвениот и крвав болшевизам, како една нова светска бура.

Решителниот час

Само колку тешки беа сите нанесени штети со кои излегоа од Првата светска војна речиси сите тогашни држави на Европа, вклучително и победителите, толку плодотворна можеше да биде поуката – а имено, онаа што судбината му ја определи на континентот – дека тогаш капиталот и петролот, волната и гумата, рудите и јагленот играат, како основни елементи на војната, неспоредливо поголема улога, и тоа историска, отколку некакви си гранични и суверенитетни прашања од стариот вид и обем. Веригата од непрекинатите стопански кризи меѓу 1918 и 1938 година неминовно го потврдија сето тоа. Но се поставува логичното прашање – го разбра ли сето тоа добро самата Европа? Или пак старата кавга на 36-те држави си продолжуваше, сè додека светската историја не започна да ги исправува ни помалку ни повеќе туку самите континенти еден против друг? И токму таа си продолжуваше. Само длабоко засегнатите држави на Европа, како Германија и Италија, ги осознаа изискувањата на времето и сите опасности произлезени од Исток и од Запад. Тие истите го модернизираа своето сфаќање за техника и капитал, социјализам и општество, и ги разрешија по еден образцов начин, во своите постоечки граници, проблемите на времето. И една од најтрагичните појави во историјата на Европа беше токму таа – баш во тој врвен момент, тие ферменти силно експлодираа, обидувајќи се да ја фрлат Европа во еден тотален хаос… Што најпосле и им успеа. Тогаш, меѓутоа, откако оската Рим – Берлин постави стража по сите брегови и граници на Европа, откако се виде принудена да му се спротивстави со оружје на сталинистичкиот империјалистички болшевизам, разоткривајќи ја во својот напад неговата целосна закана, верниците во иднината – силите на континентот – го осознаа и второто изискување на тој решителен миг, т.е. динамичното изискување на историјата на Европа како таква, наредувајќи се по сите граници на воениот фронт. Патот за синтетизирање на старата дама наречена Европа, можеби за последен пат, беше отворен… Ако сакате, на 8 мај 1950, Франција ја избра токму Европа. Таа Европа – спасена од хитлеризмот со нескротливата енергија на лукавиот Винстон Черчил, од комунизмот, па сè до видовитата иницијатива на Маршал…

Слични Објави