|

98 отсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во периодот од 6 август заклучно со 16 декември.

Како што посочуваат од ресорното министерство, во анализата за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примањето на втора доза вакцина.

Така во наведениот речиси четиримесечен период, на територија на државата 64.963 граѓани биле позитивни на Ковид-19, а од нив 32% биле целосно вакцинирани, односно 20.894 лица.

Според статистиката, 44.069 граѓани, односно 67% од позитивните на Ковид-19, не биле вакцинирани.

Од Министерството за здравство посочуваат дека процентот на невакцинирани лица кои се хоспитализирани изнесува 98%, додека само 2% од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Анализата покажува дека смртноста кај невакцинираните е драстично поголема.

Во периодот од 6 август до 16 декември гидинава на територијата на државата починале 2.272 лица со Ковид-19, при што 1.790 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 21% примиле вакцина.

Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“.

Слични Објави