Филантропот д-р Милен Врабевски во канџите на македонистичката журналистика
Пишува: Трибуна
На 12. декември 2022 година, лекарот и филантроп д-р Милен Врабевски, заедно со долгогодишниот акредитиран новинар на медиите и агенциите од Бугарија Коста Филипов, беа гости на Георги Љубенов, на БНТ1, односно на Бугарската национална телевизија. Целото видео во траење од 22:17 минути, беше пренесено и на порталот Трибуна.мк. Само кратко време потоа, злонамерно и за домашна употреба се протолкуваа изјавите на д-р Врабевски, во весникот “Слободен печат“, за потоа целосно и некритички речиси истиот текст да биде пренесен и на Канал 5. Се појави и оној несреќник, ексминистерот Никола Димитров, во својот вечен антибугаризам. За оваа појава и пројава не треба ни да се разговара. Што се кажа, а што се премолча!? Накусо:
Првиот соговоеник, на нас добро познатиот Коста Филипов го кажа тоа што одамна сме го чуле и стално го слушаме-македонското општество, во локални рамки, пројавува вербална и физичка агресивност кон пројавите на бугарскиот политички и општествено културен живот. Потикнувач и медијатор кон таа појава е поимот на “длабоката држава“ и големата зависност на македонскиот политички и општествен живот од сѐуште непрекинатите врски со Белград. Впрочем, тоа се гледа и во денешните дни, при изборот на новиот директор на АНБ.
Д-р Врабевски посочи дека само демократизацијата и европскиот пат е патување кон вистината, а таа ќе биде многу подостапна откако ќе се отворат нови уште дваесетина клуба на бугарите во Македонија. Кажа и уште нешто, неправилно пренесено: „Една територија украдена со многу крв и престапи, отцепена од Бугарија и асимилирана на еден многу грозен начин, Југословенскиот модел, нема погаден модел на светот. Практично, тој модел се уште е на власт и им ги пере мозоците на луѓето“, рече Врабевски. Пред сѐ, премолчено е кажаното од Врабевски дека југословенскиот модел е мини копија на советскиот, што имплицира дека дека Југославија била малата СССР. Некој се плаши тоа овде да го каже и да го објасни крвавиот расплет на југословенското ‘“братство и единство“, како и актуелната крвава војна во Украина, каде “голематаСССР“, не и дава на “малата“ Украина да живее слободно! Не е пренесено дека се работи за мини советски модел во Југославија, насилно применет и со затворање на очите пред насилијата и од истокот и од западот. Ама е кажана измислицата дека дека системот им ги “пере мозоците“ на македонците. Никаде нема таква работа, употребен е терминот “трие“ (околу 7:35 мин) што е нешто сосема различно од “пере“…првото е насилствено, а второто несвесно доброволно. Се говори за децата и нивното образование, како за магистрала жп линија и слични пропусти…пофалби до министерството за надворешни работи на Бугарија и пукањето во Охрид.
Иднината е во децата, да се преодолеат разликите и омразите…деца од двете страни на границата. Зошто за ова не пишува, зошто никој не го споменува.
Жив е југословенскиот модел, се вели во емисијата, српското влијание е присутно и силно, а Србија не сака Мкд да оди прва во ЕС. Зошто сето ова не се споменува, зошто некој не кажува дека д-р Врабевски помага и на регион Преспа во Албанија, со уредување на канализација, подароци, џип и амбулантна кола…сега се организираат и средба со директорите на училиштата од двете страни на границата.
Конечно, не остана кусо ниту водителот Георги Љубенов кој коментираше за “српската пропаганда во Македонија и промити с’знанија и промити поколенија (15-та минута). Никаде не се употреби терминот “мозоци“, што е нешто сосема различно од термините “сознанија и поколенија“.
Евидентна е злонамерноста на македонските медии по однос на д-р Врабевски. Не требаше да се каже многу, само нека се цитира неговата констатација дека “Европа е Европа на нациите, седум држави претендираат на Карло Велики, ама никаде не се гледа сукоб, нема конфликт“. Зошто никој не кажа дека д-р Врабевски говори за минатото и за југословенскиот “модел и стандарди“, за разлика од сега, кога тој говори образованието на младите во неговите институции каде учат за роботика, кибернетика и слично, без историја…
Да не се залажуваме, ова е само продолжение на една политика на информирање од пред стотина години, уште од времето на Кралство Југославија. Ова се изблиците на антибугаризам на “длабоката држава“ толку силно врзана за Белград и следователно, на Москва. Врабевски уште долго време ќе си има проблеми со македонистичната журналистика на октроирано и диригирано претставување на настаните, ликовите и нивните дела…
Па честито д-ре, добре дојдовте во клубот!
