|

Прв смртен случај од сезонски грип, 93 случаи на заразата за една недела

Институтот за јавно здравство го потвртди првиот смртен случај од сезонскиот грип. Битката со болеста ја загубил пациент на возраст од 60 години. Во последната недела за која Институтот споделува податоци, пријавени биле 93 случаи на грип, најголем број во Тетово – 38, потоа вп Гостивар – 16 и Куманово – 14,. Лабораториските наоди велат дека станува збор за грип од типот А.

Во текот на 49-та недела од годинава (од 5 до 11 декември, пријавени се 93  случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на
грип, 60,3% повеќе во споредба со претходната недела (n=58), велат од Институтот.

Во истиот период во вирусолошката лабораторија на Институтот пристигнале 252 материјали за лабораториско тестирање на грип од кои 22 од сентинел САРИ надзорот, паралелно тестирани за грип и ковид-19.

Лабораториски се потвдени 3 позитивни случаи, 6 тестови се позитивни на  респираторен синцицијален вирус, а кај еден примерок е детектирано присуство на аденовируис.

„Во текот на оваа недела, регистриран е еден смртен случај асоциран со грип. Се работи за лице на возраст од 60 години од Скопје кој бил хоспитализирани во клиниката за Пулмоалергологија во Скопје. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети (кардиоваскуларни и белодробни) и не
бил вакциниран со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена инфлуенца A несубтипизиран“, велат од Институтот за јавно здравје.

Извор: мкд.мк



Слични Објави