|

Не сум Ким Џонг Ун, нема никого да исклучам од ДУИ, вели Ахмети

Лидерот на ДУИ Али Ахмети за „огнената група“ вели дека имаат погрешен пристап кога се обидуваат да го претстават како диктатор, спомнувајќи го Ким Џонг- Ун, лидерот на Северна Кореја. Ахмети е категоричен дека и покрај жестокиот судир со „огнените“ нема да исклучи никој од партијата.

„Не, никој досега не е исклучен од ДУИ. Тоа се мои пријатели, мои соработници, имаат многу погрешен пристап, анализите што ги прават, значи јас сум Ким Џонг-Ун како се вика овој Севернокореец. ДУИ е, мислам, една од најдемократските партии, најотворената на овие простори и ќе работиме уште понапорно да бидеме максимално транспарентни, така што ова нема врска со диктатура“ , изјави Ахмети.

Извор: Слободен печат



Слични Објави