Румен Радев со осуда за нападот врз секретарот на бугарското здружение во Охрид-претседателот најави пренесување на настраданиот во Бугарија
Бугарскиот претседател Румен Радев го осуди нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на здружението „Цар Борис III“ од Охрид.
„Категорично ги осудувам систематските прекршувања на правата на Бугарите во Република Северна Македонија и влевањето омраза кон нив, чиј резултат беше нападот врз Бугаринот Христијан Пендиков во Охрид. Декларираните амбиции за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија и преземените заложби за реформи и зајакнување на демократските норми во земјата се во спротивност со реалноста во која живеат Бугарите кај нашиот југозападен сосед.
Бугарија е подготвена да организира воздушна евакуација на Христијан Пендиков и да обезбеди негово лекување.
Уште еднаш ќе им го поставам пред вниманието на шефовите на држави и влади во Европската Унија, како и на европските институции и на Советот на Европа, прашањето за почитување на правата на Бугарите во Република Северна Македонија. Систематското кршење на нивните права беше основа на ставот на Бугарија, дека европската интеграција на Република Северна Македонија треба да се заснова на вистински напредок во искоренувањето на јазикот на омраза кон Бугарија и Бугарите и почитување на правата на македонските Бугари“, стои во позицијата на претседателот на Бугарија Румен Радев.

