| |

ВОНРЕДЕН ИНПЕКЦИСКИ НАДЗОР ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА ПО СМРТТА НА 41 ГОДИШНАТА ПАЦИЕНТКА

Во тек е вонреден инспекциски надзор во штипската клиника. Проверката се врши од страна на државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Проверката доаѓа по смртта на 41. годишна пациентка, на инфективното одделение во Клиничката болница во Штип. Случајот со починатата жена предизвика бурни реакции во јавноста.

Барањето за ваквиот надзор е и од страна на директорот на Клиничката болница во Штип, Ален Георгијев, во врска со третманот на пациентката во одделението.

„Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор за случајот со 41 годишната пациентка која почина на инфективното одделение во Клиничката болница Штип. По завршениот надзор, јавноста ќе биде навремено информирана“, напиша министерот Венко Филипче.



Слични Објави