ПАД НА АКЦИИТЕ НА ВОЛ СТРИТ

Цените на акциите на Вол Стрит паднаа поради тоа што инвеститорите не сакаат да преземат ризици пред неколку големи настани и крајниот рок до кој Вашингтон најави дополнителни царини за кинескиот увоз.

Дау Џонс падна за 105 поени или 0,38 проценти на 27.909 поени, додека С&П 500 падна за 0,32 проценти на 3.135 поени и Индексот Насдак 0,40 проценти на 8.621 поени.

На крајот од минатата недела, овие индекси се зголемија поради пораките од Вашингтон дека трговските преговори напредуваат добро и оти делумниот договор е близу. Кина исто така соопшти дека сака што поскоро да постигне договор за првата фаза од договорот.