|

ПОЛИЦАЕЦ СЕ ПОГОДИЛ ВО НОГА ДОДЕКА СИ ГО ЧИСТЕЛ ПИШТОЛОТ

На 16.11.2020 околу 03,00 часот во куќа во село Инџиково, скопско. А.С.(24), полициски службеник, при чистење на службен пиштол, испукал еден куршум и се здобил со повреда во десното стапало, информираат од МВР.

Полицискиот службеник е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, а за случајот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.



Слични Објави