Панев (Демократска Бугарија): Европската перспектива за РСМ е важна од гледна точка на бугарскиот национален интерес
„Многу луѓе се хранат од недоразбирањата и од проблемите меѓу Бугарија и Северна Македонија, поттикнати од странски служби, најверојатно“, изјави Владислав Панев, пратеник во бугарскиот парламент од редовите на Демократска Бугарија за Бугарската национална телевизија.
Тој е дециден дека, бомбардирањето со говор на омраза нема да доведе до ништо добро. Тој очекува промени во учебниците по историја, особено во македонските, за младите да почнат да гледаат на Бугарија на поинаков начин.
Панев истакна дека најдобро е Бугарија и Северна Македонија да ги развиваат своите културни, економски и културни врски. А како причина за тензијата го посочи „бизнисот на омразата, кога се ближат избори“.
Според него, во Бугарија и во РСМ има партии кои поттикнуваат тензии, а страдаат обичните луѓе како Христијан Пендиков, кој беше претепан поради неговата бугарска самосвест.
„Европската перспектива за РСМ е важна од гледна точка на бугарскиот национален интерес, Гоце Делчев сигурно не замислувал дека ќе има граница меѓу овие планини, кои сега се во двете држави, напротив – очекувал Македонците да одат во Бугарија да учат, а ние да одиме таму и да правиме бизнис“, посочува пратеникот од Демократска Бугариja Владислав Панев.
