„Хуавеј“ награди бугарски студенти по информатичка технологија
Кинескиот технолошки гигант „Хуавеј“ им додели сертификати на 30 бугарски студенти кои годинава учествуваа во глобалната програма на компанијата „Семиња за иднината“ (Seed for the future), јави Радио Кина.
„Во 2014 г во Бугарија започна програмата „Семиња за иднината“. Тогаш беа наградени 10 бугарски студенти“, изјави Ли Шаовеј, генерален директор на Huawei Technologies Bulgaria. Оваа година наградата ја добија 30 бугарски студенти, што покажува дека секторот за информатичка и комуникациска технологија е поддржан од зголемениот интерес на младите за иновации и дигитализација.
Програмата е важна за студентите кои се заинтересирани за информациски и дигитални технологии, бидејќи ја пополнува празнината помеѓу теоријата и праксата. „Дигиталните вештини се една од најважните области во образовниот сектор и нивното професионално ниво отвора врати за многу можности“, рече Ли.
“Наградата е нешто посебно за мене. Покажува дека научивме нешто и стекнавме нови знаења. Ова е голем успех и добар почеток за мене како студент”, изјави 21-годишната Севги Мехмедова, која студира информатика и компјутерски науки на Економскиот универзитет – Варна.
