Премиерот Желјазков и министерот за здравство Кирилов изразија благодарност до здравствените работници во Бугарија по повод Светскиот ден на здравјето
По повод Светскиот ден на здравјето, 7 април, премиерот Росен Желјазков им упати длабока благодарност и признание на медицинските работници и лекари во Бугарија, соопштува БТА. Во објава на официјалната Фејсбук страница на бугарската Влада, Желјазков нагласува дека здравствените работници секојдневно вложуваат професионализам и хуманост во грижата за животот и здравјето на граѓаните.
Премиерот ја истакна важноста на здравството како столб на едно просперитетно општество, додавајќи дека владата се обврзала да ја модернизира здравствената инфраструктура, да ги подобри условите за работа и да обезбеди висококвалитетна медицинска помош за секој граѓанин.
„Вие сте оние кои внесувате надеж, спасувате животи и давате утеха во најтешките моменти. Од срце ви благодарам за вашата пожртвуваност, за ноќите без сон и за вашата човечност,“ вели премиерот.
Министерот за здравство Силви Кирилов, исто така, им се заблагодари на медиците за нивната енергија и труд, истакнувајќи ја потребата за конструктивен дијалог кој ќе доведе до позитивни промени и подобрувања во здравствениот сектор. Кирилов ја потврди посветеноста на владата за унапредување на условите за работа и подигнување на стандардите на професијата.

