Објавуваат атлас на бугарското средновековие
Колку била голема Стара Голема Бугарија во реалноста? Кои територии биле дел од Првото бугарско кралство во времето на златниот век на цар Симеон? Со колку земји граничела државата за време на владеењето на Јоан Асен II кога таа се протегала на три мориња? Новиот историски атлас „Бугарија и средновековниот свет“ дава одговори на овие и на многу други прашања.
Се обидовме да создадеме книга, достојна за секоја бугарска библиотека“, велат издавачите од „Бугарска историја“.
33 карти го прикажуваат развојот на бугарските земји од 500-та до 1500-та година, а секој историски период е проследен со објаснувачки текст во кој се воведуваат особеностите на епохата.
Автор е д-р Александар Стојанов – доктор по историја од Лајденскиот Универзитет, асистент во Институтот за историски истражувања при БАН и автор на десетици публикации и книги.
Неговиот труд дава сеопфатен поглед на средниот век, а настаните како што се ширењето на христијанството и подемот на Монголската империја се разгледуваат заедно со бугарските големи битки на бојното поле, прецизираат издавачите. Во пишувањето на текстовите се користени повеќе од 60 научни трудови и публикации.
Авторот е категоричен дека „бугарската држава со векови игра улога не само на парче од политичката сложувалка на Европа, туку и на културен мост меѓу Истокот и Западот. Достигнувањата на нашите предци ги ставаат во блиски односи со сите други народи од тоа време.“
Од „Бугарска историја“ додаваат дека изданието би било корисно како за читателите со продлабочено знаење, така и за ученици кои ќе можат да си ги претстават изучуваните настани на најдобар начин.
