Три опожарени возила во Карпош, нема повредени

/

На 19.01.2022 во 02.10 часот било пријавено дека на подрачјето на Карпош настанал пожар на патничко возило „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.Ј.(61) од Скопје.

Повредени лица нема, а од пожарот биле зафатени уште две патнички возила, „цитроен ц4“, сопственост на В.А.(70) од Скопје и „југо корал“ сопственост на Н.С.(70) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат.



Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Претходна статија

(Видео) Радев: Рамноправноста на македонските Бугари мора да биде загарантирана со нивно вклучување во Уставот на земјата

Следна статија

Одбележуваме 131 г. од раѓањето на Харалампи Перев

Најново од Вести