Одбележуваме 131 г. од раѓањето на Харалампи Перев

//

На денешен ден пред 131 г. е роден офицерот од бугарската армија во Првата и Втората светска војна и познат прилепски адвокат Харалампи Перев, кој е еден од организаторите на Бугарските акциони комитети во Прилеп за време на ослободувањето на Вардарска Македонија од српска окупација.

Харалампи Перев е роден на 20 јануари 1891 г, во бугарска егзархиска фамилија на свештеници, во селото Никодин, Прилепско. Основното образование го добива во Прилеп, подоцна е питомец на Егзархиската семинарија во Цариград. После бунт на егзархиските питомци, тој се враќа во Македонија и го продолжува своето образование во Битолската бугарска машка класична гимназија. По завршувањето на средното образование во 1911 г, една година е егзархиски учител во Прилеп.

Во октомври 1912 г. е уапсен од српската власт во Прилеп, по ослободувањето нелегално заминува за Бугарија, каде што се запишува во Военото училиште на Негово царско величество Фердинанд I. Учествува во Првата светска војна како командир на чета во III-ти пешадиски македонски полк. Награден е со медал „За храброст-IV степен, 2 класа“. Демобилизиран е со чин поручик од Бугарската армија. Во 1919 г. се запишува на Правниот факултет во Софија. По две години ја напушта бугарската престолнина и заминува за Белград, каде што во 1923 г. дипломира на Правниот факултет. По дипломирањето работи како секретар во Апелацискиот и Касациониот суд во Белград, бил судија-истражител, судија во Обреновац, Ужице, Краљево, Уб и Пожаревац. Во 1939 г, е назначен за претседател на судот во Дубровник, но останува таму за краток период бидејќи е пензиониран по наредба на власта, заради неговите блиски контакти со Владко Мачек лидер на Хрватската селска партија. Токму Мачек е човекот, којшто му помага и го предлага на високи позиции во правосудниот систем.

Во 1939 г. Харалампи Перев се враќа во Прилеп, каде што отвора своја адвокатска канцеларија. Во април 1941 г. група граѓани на Прилеп, го предлагаат Перев за градоначалник и организатор на одбраната на градот. Перев организира „градска милиција“ и управува со градот до доаѓањето на бугарските војски на 22 април 1941 г. Учествува во формирањето на Бугарските акциони комитети и го организира пречекот на бугарската армија во Прилеп. Перев поминува една година во Битола како офицер од резервот на бугарската армија. Во останатото време бил адвокат и ги брани дел од локалните комунисти, меѓу кои бил и Методија Андонов-Ченто, во голем судски процес и успева да ги одбрани.

По војната работи како адвокат и ги застапува интересите на многу обвинети според контроверзниот закон за македонската национална чест. Успева да измени неколку смртни казни. Во 1947 е уапсен од комунистичката власт и е осуден на 3 години затвор во наместен судски процес. Ослободен е по 2 години, а добива право повторно да биде адвокат во 1950 г.

Харалампи Перев бил близок пријател со Јордан и Димитар Чкатрови и се познавал со сите судени во Скопскиот студентски процес од 1927 година. Бил бугарски националист и михајловист. До крајот на својот живот, работи како адвокат во родниот Прилеп. Умира на 13 октомври 1960 г. во Прилеп.



Харалампи Перев бил женет за Елена Кузманова од Битола. Нејзин братучед е Стефан Кузманов, еден од потписниците на познатиот Меморандум против македонизмот, осуден во 1946 г. на 15 години затвор.

Син на Харалампи Перев е познатиот борец за правата на Бугарите во Македонија, публицистот Владимир Перев.



Претходна статија

Три опожарени возила во Карпош, нема повредени

Следна статија

Дали Бугарите ќе влезат во македонскиот Устав, еве го одговорот на Бојан Маричиќ

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да