| | |

(Видео) Радев: Рамноправноста на македонските Бугари мора да биде загарантирана со нивно вклучување во Уставот на земјата

Бугарскиот претседател Румен Радев го потврди својот став дека правата на македонските Бугари треба да бидат загарантирани со нивно вклучување во Уставот на РС Македонија како дел од народ во земјата.

„Ќе го потврдам мојот став, како претседател на сите Бугари, дека рамноправноста на македонските Бугари, од кои многумина се и бугарски државјани, мора да биде загарантирана со нивно вклучување во Уставот на земјата на еднаква основа со другите делови на народи. Овој чин, заедно со усвојувањето на сигурни механизми за искоренување на говорот на омраза и зачувување на бугарското културно и историско наследство, треба да биде предуслов за нашата согласност за почеток на преговорите за членство“, изјави бугарскиот претседател Румен Радев во своето обраќање пред пратениците по дадената заклетва и официјалниот старт на неговиот втор претседателски мандат.



Слични Објави