| |

Во близина на Никопол и Силистра: Бугарија и Романија градат хидроцентрали на реката Дунав

Романија и Бугарија имаат намера да изградат две хидроцентрали на реката Дунав кои заеднички ќе се користат по моделот на хидроцентралите „Железни врати“ со кои заеднички управуваат Романија и Србија. Ова е напишано во документот што го објави бугарската влада, пренесе Balkan Insight.

Плановите се двете централи да ги гради романската државна компанија Hidroelectrica.
Изградбата на централите е дел од стратегијата за енергетски развој на Бугарија до 2053 година, изработена од министерот за енергетика Росен Христов.

Првата заедничка централа со моќност од 840 MW ќе биде базирана помеѓу Никопол во Бугарија и Турну Магуреле во Романија, со веќе поставени физибилити студии и евалуација како основа.
Втората централа треба да биде лоцирана во Силистра, во близина на Калараш, Романија, но истражувањата таму само што почнаа.

Двете земји веќе одржаа неколку средби со учество на министрите за енергетика на Романија и Бугарија. Најверојатно следниот месец двете држави ќе потпишат меморандум за проектот. Изградбата на проектите се очекува да трае меѓу 5 и 6 години.

Новата енергетска стратегија на Бугарија вклучува и коридор за пренос на електрична енергија преку Романија и Словачка до Унгарија, како и зголемување на капацитетот на далноводи со Турција.

Слични Објави