|

Нов земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер го погоди источниот дел од Турција

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди источниот дел на Турција. Епицентарот на земјотресот бил на 11 километри од Малатија, на длабочина од два километри.

Информациите за нов силен земјотрес што ја погоди Турција беа објавени од независна научна организација и обезбедувач на информации за земјотреси во реално време.

Засега нема информации дали овој земјотрес предизвикал нови штети во Турција

#Earthquake (#deprem) M5.0 occurred 19 km SW of #Malatya (#Turkey) 14 min ago (local time 07:50:23). More info at:
https://t.co/LBaVNedgF9
https://t.co/3lzZLRINXt
https://t.co/qwm7Xtb7PW pic.twitter.com/To5OChGtXn

— EMSC (@LastQuake) February 10, 2023

Да потсетиме дека два разорни земјотреси во понеделникот погодија делови од Турција и Сирија. Главниот земјотрес беше проследен со десетици последователни потреси.

Според последните информации, повеќе од 21.000 луѓе загинале, а се очекува бројката да продолжи да расте.

Првично јужниот дел на Турција беше погоден од земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала и беше почувствуван во повеќе земји во регионот, а покрај жителите во Турција, најмногу настрада соседна Сирија,пренесе Блиц.рс.

Слични Објави