| |

Детскиот хор на БНР и „Софиски солисти“ ќе одржат Велигденски концерт

Детскиот хор на Бугарското национално радио (БНР) и камерниот ансамбл „Софиски солисти“ ќе приредат Велигденски концерт, соопшти БНР.

Организатори се БНР и катедрата за „Музика и мултимедијални технологии“ при СУ „Св. Климент Охридски“.

Музичкиот настан ќе се одржи на 31 март во Аулата на Софискиот универзитет.

Диригент на велигденскиот концерт ќе биде Константин Добројков. Солисти ќе бидат Ина Канчева (сопран) и Марија Радоева (мецосопран).

На програмата е „Стабат Матер“ од Џовани Батиста Перголези (1710-1736). Творбата која е напишана на самиот крај на неговиот краток живот е барокно ремек дело. Композиторот на умирање го претвора класичниот текст за нажалената Божја мајка во една од највлијателните велигденски кантати, истакнуваат од БНР. Во програмата на велигденскиот концерт се и „In monte oliveti“ од Џанбатиста Мартини и „Amor“ („Lamento della nimfa“) од Клаудио Монтеверди.

Идејата за поканата кон „Софиските солисти“, маестро Добројков, Ина Канчева и Марија Радоева е на главниот диригент на Детскиот радио хор Венеција Караманова. Хорот не еднаш пеел со Камерниот ансамбл и со двете солистки кои својата импресивна кариера ја започнале токму од неговите редови, додаваат од БНР.

Слични Објави