| |

Бугарија ќе учествува во најголемата воена воздухопловна вежба на НАТО

Од 12 до 23 јуни НАТО ќе ја организира најголемата воздухопловна воена вежба „Air Defender 2023“, во која ќе учествуваат 22 земји меѓу кои и Бугарија, со повеќе од 200 авиони од 23 различни типови. Околу 100 авиони ќе дојдат од САД, а се очекува да учествуваат околу 10.000 војници.

Според веб-страницата на алијансата, вежбата ќе биде сеопфатен „чадор“ за координирање и усогласување на вежбата на германската мултинационална воздухопловна група (MAGEKS) 2023 година со потенцијалeн придонес од САД и други напори на НАТО.

Целта е да се подобри интероперабилноста, да се понуди можност за обука во европскиот воздушен простор и да се демонстрира флексибилноста и решителноста на НАТО да ja зајакне целокупната позиција во воздушниот простор во согласност со Концептот на НАТО за одбрана на Евроатлантската зона (DDA), информира БГНЕС.

Маневрите ќе се одржат во Германија, а земји учеснички се Белгија, Бугарија, Данска, Финска, Франција, Италија, Јапонија, Латвија, Литванија, Луксембург, Норвешка, Полска, Романија, Шведска, Словачка, Шпанија, Чешка, Турција, Унгарија, САД и Велика Британија.

Слични Објави