| |

За душегрижниците кои ликуваа кога Холандија и стави вето на Бугарија за влез во Шенген-зоната

Став на Добре Митрев, претседател на Балкански коридор МБП

Бугарија и Шенген… Многу се пишува за тоа, зошто Бугарија не е во Шенген-зоната. Од видеото подоле и од моето објаснување мислам дека многу работи ќе станат појасни. Овие камиони кои доаѓаат од пристаништето во Солун се принудени да чекаат и по два три дена за да ја поминат границата со Грција. Тoa не би било така, ако Бугарија е членка на зоната.

Единствена земја која се противи на влезот на Бугарија во шенген е Холандија. Причините треба да ги бараме токму во ова чекање на границата. Ако овие камиони би поминале за 5 минути, а не за три до пет дена, нормално побрзо би ја испорачале робата. Е тука лежи зајакот. Неможејќи и несакајќи да чека, бизнисот наместо да ја прима робата на пристаништето во Солун, ја праќа до пристаништето до Ротердам, па од таму по Европа. Во прашање се огромни суми на пари кои завршуваат во холандската каса.

Пристаништето во Солун е многу по евтино а и транспортот би бил побрз само ако Бугарија е членка на Шенген-зоната. Да резимираме. Не, Бугарија дека не е подготвена да биде дел од Шенген зоната, туку Холандија не е подготвена да се откаже од големите милионски суми што се влеваат во нејзината каса. На крајот да прецизираме: Сепак бизнисот и интерсот се пред политиката. Ова e за оние душегрижници кои ликуваа кога Холандија и стави вето на Бугарија за влез во Шенген-зоната.



Слични Објави