Уметнички дела што беа украс на Скопје фрлени како барикади на мостот што изгоре вчера
Бетонските огласници со улична уметност кои беа поставени пред пет години на тротоари во центарот на Скопје се извадени и поставени како барикади за да не поминуваат пешаци и автомобили на мостот што изгоре вчера.
Овие уметнички дела беа поставени во 2019-та, на Партизанска, Буњаковец, просторот пред „Трготекстил“, на улицата пред Рекорд. Идејата беше наместо возила, просторот да го користат пешаците за своите прошетки низ градот. Сега тие се фрлени на сред булевар да скапуваат и служат како рампи.
Засега не се знае кому пречеле огласнците и кој ги тргнал. На ФБ реагираше екс градоначалникот Петре Шилегов, кој напиша: „Некои работи едноставно нема начин како соодветно да бидат искоментирани, освен како “фестивал на глупоста”

