|

МИЛОШОСКИ ЛОБИРА МАКЕДОНИЈА ДА ДОБИЕ ПОДДРШКА ЗА СТАРТ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ

Пратеникот Антонио Милошоски денеска објави дека како претседател на Комисијата за надворешна политика, упатил писма до колегите Пиа Дикстра (Холандија) и Михаел Јенсен (Данска), со кои ургирал за поддршка на нивните парламенти при донесувањето на одлуката за датум за преговори со Европската унијa.

Според Милошоски, дополнителен мотив за Македонија што поскоро да ги почне преговорите за поглавјата 23 и 24, е фактот дека без почеток на преговорите овие проблеми ќе стануваат поголеми, а граѓаните и стопанството ќе ги трпат негативните последици.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е дециден дека македонските граѓани заслужуваат позитивна одлука од Брисел.



Слични Објави