| |

(Видео) Нова провокација кон претседателот на веќе забранетиот бугарски клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

Нова провокација кон претседателот на забранетиот бугарски клуб во Охрид „Цар Борис III“ Томе Блажевски.

Личниот автомобил на претседателот на веќе забранетиот бугарски клуб „Цар Борис III“ е изгребан со тврд предмет од непознат сторител. Во разговор со Блажевски тој за порталот Трибуна изјави дека и покрај неговите напори да не ја предизвикува јавноста и покрај фактот што во ниту еден момент не навредил никого, повторно станал мета на провокација.

Ова е најновиот начин определени кругови во Охрид да покажат дека Бугарите кои јавно го искажуваат своето етничко чувство се непожелни во градот и се објект на напади од секаков вид.



Слични Објави