ДЕСЕТИЦИ ЗАГИНАТИ ПРИ ПАДОТ НА МОСТОТ ПОНТЕ МОРАНДИ ВО ЏЕНОВА (ВИДЕО)
Италијанската служба за брза помош потврди дека „десетици“ луѓе загинале по падот на мостот во близина на градот Џенова. Министерот за транспорт, Данило Тонинели го опиша инцидентот како „огромна трагедија“.
100 метри долгиот дел од автопатот А10 во пристанишниот град се урна во вторникот изутрина. За 11 лица е потврдено дека се загинати и се очекува бројот на жртвите да се зголеми. Околу 20 возила, наводно, биле на мостот за време на несреќата.
