| |

Илхан Ќучук: Ќе ја информирам ЕК за инцидентот со бугарскиот активист на бугарско-српската граница

Ги повикувам властите на итна акција, веднаш ќе ја информирам Европската комисија за уште едно кршење на човековите права и слободи!

Ова го изјави Илхан Ќучук, претседател на политичката партија „Алијанса на либералите и демократите за Европа“ (АЛДЕ) и пратеник во Европскиот парламент од групата „Обнови ја Европа“, пренесува БГНЕС.

Причина за острата реакција на Ќучук е инцидентот со Александар Димитров, активист на граѓанската организација за правата на Бугарите во Западните покраини „Глас“.

Како што вчера прв информираше БГНЕС, Димитров бил задржан пет часа на бугарско-српската граница и не му било дозволено да влезе на територијата на Србија во родниот Босилеград, бидејќи кај него биле пронајдени три книги на поранешниот генерален конзул во Ниш Едвин Сугарев.

„Законот јасно кажува дека е апсолутно легално да се внесат 3 книги од ист автор во земјава. Ова е уште еден случај на кршење на правата и слободите на бугарски државјанин! Српските власти немаат аргументи за своите постапки! Ова е апсолутно неосновано и недозволиво“, рече категорично европратеникот Илхан Ќучук.

Тој ги повика бугарските власти на итна акција.

„Од моја страна, веднаш ќе апелирам до Европската комисија за уште едно кршење на човековите права и слободи“, изјави претседателот на АЛДЕ и ги цитираше зборовите на големиот француски писател и хуманист Виктор Иго: „Без книга, светот е ноќ и умот е жален. Без книга, луѓето се стада без мисла“

Слични Објави