15-метарски мурал со портрет на бугарскиот револуционер Георги Раковски беше нацртан во бугарскиот град Котел
Бугарските ликовни уметници Станислав Трифонов-Насимо и Светлозар Јанков-Све создадоа петнаесетметарски портрет на Георги Раковски во градот Котел, Бугарија, соопшти прес-центарот на општината.
Муралот на заштитникот на градот е создаден по идеја на градоначалникот на Котел Коста Каранашев, а е финансиран од општина Котел и преку донации направени за време на Фестивалот на етничките заедници, боите и килимите во Котел. Муралот е нацртан на фасадата на ТПК „Котленски крај“ во центарот на градот. Создаден е за неколку дена. Идејата е делото на најавтентичен начин да ја отслика сликата на Раковски, испреплетена со елементи на бугарскиот вез.
Креаторите на портретот насликаа и мотиви на котелски килими и бугарски везови на фасадите на голем број згради во Котел. Целта е ова да биде првиот град во Бугарија со комплетен надворешен урбан концепт, на кој ќе бидат прикажани бугарските везови и најпознатиот занает во регионот – килимарството, пишува БТА.
