|

Денеска без струја дел од Карпош

„ЕВН Македонија“ извести дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општина Карпош.

Во периодот од 9 до 14 часот, без струја ќе останат корисникот „Мебел Ацевски“ и корисниците во негова близина во општина Карпош.

Како што информира ЕВН, во периодот од 9 до 12 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од улицата Франце Прешерн, со куќен број 167, 169 и 165 (околу новоизградената зграда на „Б и Г“ ДОО) во општина Карпош.

Слични Објави