ВМРО-ДПМНЕ: БОГДАНОВИЌ Е ДОЛЖЕН ДА ДАДЕ ОДОГОВОРИ ЗОШТО ЗА ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА НА ЦЕНТАР УЧИЛИШТЕТО ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НЕ Е ПОЧНАТО СО РАБОТА
Интегрален текст од изјава за медиуми на Јована Мирчевска
Денес е 5- септември, а вратите на ОУ “Гоце Делчев“ се заклучени. Деца внатре нема !
Родителите се оставени сами на себе да се снаоѓаат како знаат и умеат околу чување на децата.
Градоначалникот Саша Богдановиќ мува не го лази. Не го интересира ниту почеток на школска година ниту обврските на родителите.Тој и неговите неспособни соработници не стигнале на време да ги испланираат и завршат подготовките за старт на учебната година.
Скандалозоно е најцентарското училиште да биде затворено од санитарна инспекција на почеток на годината.
Во училишната зграда нема врати, додека скелињата се поставени пред неколку дена. Дворот е полн со шут и ѓубре поради изведба на работите а се шпекулира дека се поплавени подрумските простории, просториите каде се приготвува храната за дечињата, а поплавена била и училишната сала.
Почитувани,
Ваквото однесување од страна на Богдановиќ и директорката на ова училиште е крајно несериозно и противзаконско.
Според член 38 став 6 од Законот за основно образование „Воспитно-образовната работа не смее да се прекинува во текот на наставната година, освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а по претходна согласност со Министерството“.
Во овој случај немаме ниту природна непогода ниту епидемија. Имаме класично неодговорно и несовесно работење од страна на директoрката и градоначалникот.
Богдановиќ е должен да даде одоговори зошто за прв пат во историјата на Центар ова школо не е почнато со работа како сите други низ Македонија.
Одговорност мора да има. Центарци не гласаа за некој да си игра на овој начин со нив.

