| |

ОДБИЕНО БАРАЊЕТО НА ОДБРАНАТА НА ГРУЕВСКИ ЗА ИЗЗЕМАЊЕ НА ОБВИНИТЕЛКАТА КАТИЦА ЈАНЕВА

Претседателката на судскиот совет на Апелација Цветанка Периќ го одби барањето за изземање на специајлната јавна обвинителка Катица Јанева што го поднесе одбраната на екс премиерот Никола Груевски.  На седницата не присуствуваат Груевски, како и неговите бранители Димитар Дангов, Сања Алексиќ, Данчо Анаков и Боро Тасевски, кои го известиле Судот дека се спречени да дојдат бидејќи се ангажирани на други предмети во Кривичниот суд. Ѓоко Поповски и неговиот адвокат Стерјо Зиков дојдоа во Алецискиот суд. За случајот „Тенк“, односно за набавката на лускузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра, поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор.

Слични Објави