|

Нов Зеланд: Управата на островот прогласена за виновна по вулканската ерупција

Судот во Нов Зеланд денеска ја прогласи администрацијата на островот Вајт за виновна за кршење на законските и безбедносните прописи, каде што 22 лица, главно туристи, загинаа во вулканска ерупција пред четири години.

Со островот во име на сопственикот стопанисува фирмата „Вакари менаџмент“, која не е задолжена за туристички тури, а е прогласена за виновна по едната точка од обвинението, а другата е отфрлена.

„Вакари менаџмент“ и некои други обвинети ќе ја дознаат висината на казната следната година, а максималната казна е 873.000 американски долари, објави „Ројтерс“.

Од 13 обвинети компании, шест се изјаснија за виновни, меѓу кои и тур-оператори за возење со хеликоптери и бродови, пренесува „Танјуг“.



Слични Објави