Авиони од Италија ќе патролираат на небото над Македонија
Согласно планот за билатерална соработка со Италија, вчера во Воздухопловниот ВИНГ се одржа иницијален состанок во врска со подготовка и изработка на технички аранжман за вклучување на военото воздухопловство на Република Италија во мисијата за воздушно патролирање на небото на Северна Македонија.
Согласно донесената одлука, Република Италија наскоро ќе се вклучи во оваа мировна мисија на НАТО со патролирање во македонскиот национален воздушен простор со цел зајакнување на мисијата на воздушно патролирање, соопшти Министерството за одбрана.
Со оваа одлука, Северна Македонија се доближува до целосно исполнување на критериумите на интегрираниот систем за против-воздушна и ракетна одбрана на НАТО во заштитата на македонското небо.
Патролирањето ќе се реализира согласно НАТО принципите на заменливост помеѓу воздухопловните сили на Грција и Италија во координација со НАТО Центарот за воздухопловни операции во Торехон, Шпанија и македонските воздухопловни власти.