| |

Ива Михаилова и по 10 месеци не смее да го напушти Кочани

Ива Михаилова од Кочани и по 10 месеци не може да го напушти родниот град по сообраќајната несреќа во која била вклучена, иако ниту еден од сослушаните сведоци не изјавил дека таа преминала во спротивната коловозна лента, јавува БНТ.

Единствениот директен сведок, Дејвид Крстов, пред судот изјавил дека автомобилот на Ива бил удрен во нејзината лента. Обвинителот Игорчо Крстов оцени дека неговите искази се разликуваат од оние дадени во истрагата и најави можност за постапка за лажно сведочење. Одбраната тврди дека сведокот го кажал истото, но со различни зборови, седум месеци по првиот исказ.

Ива го праша сведокот дали обвинителот претходно индиректно му се заканувал да го промени исказот, но обвинителот не дозволи одговор, оценувајќи го прашањето како нерелевантно.

Според сведочењата, непосредно пред несреќата полицијата запрела зеленo комбе без регистарски таблички во спротивната лента, поради што возилата зад него морале да го заобиколуваат. Ива тврди дека комбито било во коловозната, а не во лентата за застанување, што го потврдиле десет сведоци. Друг сведок, кој се движел три возила подалеку, изјавил дека комбито било поместено надесно.

Судот сè уште нема одлучено дали ќе ѝ дозволи на Ива да замине на лекување во Бугарија, иако медицинска експертиза утврдила дека потребниот третман не се применува во болниците во Северна Македонија.

„Јас сум чиста пред мојата совест и пред Бог, а другото го оставаме судот да го реши на следното рочиште“, изјави Ива Михаилова.



Слични Објави