(Фото)Во Битола е искршена информативната табла за донацијата на бугарското МНР и Генералниот конзулат на Бугарија во градскиот парк
До порталот Трибуна стигна фотографија од наш читател на која јасно се гледа дека информативната табла поставена пред ѕидот за качување со штандови направен со финансиска помош на бугарското МНР и генералниот конзулат на Бугарија во Битола е искршена.

Потсетуваме дека свеченото отворање на ѕидот за качување, донација од Бугарија, се случи на 3 јуни во Градскиот парк во Битола. Една недела подоцна на 10 јуни со зелена самолеплива лента непознати сторители го покриле текстот за бугарскиот донатор, логото за помошта за развој а исто така и бугарското знаме.
Денеска како што станува јасно од фотографијата што ја добивме, само 20 дена по отворањето, информативната табла е искршена.

