| |

НИКОЛОВСКИ ВО ДЕМИР КАПИЈА: НА 30- ЌЕ ГО ОСТВАРИМЕ СОНОТ!

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, денеска беа на средби со граѓаните во Демир Капија.

Министерот Николовски порача дека Македонија се наоѓа пред важна одлука за иднината на сите граѓани. Македонија за една година доби покана за членство во НАТО, а во јуни започнуваат преговорите со Европската унија, изјави министерот Николовски. Тој посочи дека во преговорите едни од најважните се поглавјата за земјоделство и за животна средина. Министерот Николовски, ги запозна граѓаните и земјоделците од Демир Капија, за придобивките кои ќе ги имаат од членството во НАТО и ЕУ, преку примери од земјите од регионот.

„Околу 40 отсто од буџетот во Европската унија отпаѓа на земјоделство или 400 милијарди евра. Со нашиот влез во ЕУ, субвенциите нема да се исплаќаат од националниот туку од буџетот на ЕУ. Со влезот на Бугарија во ЕУ, земјата доби 9 милијарди евра за рурален развој, Хрватска близу 3 милијарди евра, ние сега имаме за оваа намена преку ИПАРД 2 вкупно 60 милиони евра. Овие пари со нашиот влез во ЕУ и НАТО, ќе бидат 10 пати зголемени“, истакна Николовски.

При тоа посочи дека влезот во НАТО и ЕУ, ќе значи повисоки откупни цени за земјоделските производи и сигурен пласман, затоа што за прв пат ќе станеме дел од пазар од 500 милиони потрошувачи.

„Ние со самото добивање на поканата за членство во НАТО и започнување на преговорите со ЕУ во јуни 2019 година, веќе во моментов ги чувствуваме придобивките – МЗШВ преговара со 50 компании, кои се заинтересирани за инвестиции во македонското земјоделство“, порача Николовски.

Николовски ги презентираше политиките кои се преземаат за развој на земјоделството вклучително и лозарството, како што се инвестициите во водостопанската инфраструктура, зголемени субвенции, интервентни мерки, мерката за зелена нафта и серија на системски мерки.

Николовски порача дека е горд што е дел од генерацијата која што учествува во решавање на децениски отвореното прашање кое што стоеше на патот кон НАТО и ЕУ. Затоа ја презедовме одговорноста, го решивме отвореното прашање, постигнавме Договор со Грција, потенцираше Николовски, со кој што за прв пат се има шанса да се заштитите македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

Приближувањето кон НАТО и ЕУ, ќе значи повисоки откупни цени за грозјето, сигурен пласман на европските пазари за грозјето и за нашето вино, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој е во посета на Демир Капија.

Николовски потенцираше дека патот кој Владата го трасира кон НАТО и ЕУ е историска можност за Македонија, а со Договорот со Грција се отстрани најголемата пречка на овој пат кон европска Македонија и европско земјоделство.
„ Државата носи многу мерки за поддршка на лозарите, но многу повеќе можеме да направиме заеднички со ЕУ и НАТО . Државата се наоѓа пред еден од најважните моменти, затоа ни е потребна ЕУ и влезот во НАТО. Тоа ќе значи многу и за македонската економија, и за лозарството како најзначајна извозно ориентирана стопанска гранка. Нашиот влез во НАТО и во ЕУ ќе значи повисоки откупни цени за грозјето, сигурен пласман на македонските производи, на грозјето и виното, зголемени европски субвенции, зголемен извозот, отворање на пазар со 500 милиони потрошувачи. Затоа 30-ти септември е денот кога треба да излеземе и да гласаме за европска Македонија“, изјави Николовски.

Николовски истакна дека секоја мерка што се презема во лозарството е во насока на зголемување на производството на грозје и воведување на нови сорти кои се барани на странските пазари. Во таа насока, се воведе нова дополнителна субвенција од 1 денар за килограм предадено грозје за сортите смедеревка и вранец, која ќе придонесе за поголема рентабилност на производството, за 20 отсто се зголеми субвенцијата за одржување на лозови насади за земјоделците со развоен потенцијал, лозарите кои имаат од 1 до 10 хектари лозје, ќе добијат наместо 40.000 денари 48.000 денари по хектар за одржување на насади. Претворена во килограми, оваа субвенција изнесува половина денар по килограм, што значи дека вкупната финансиска поддршка заедно со дополнителната субвенција ќе изнесува 1,5 денари за килограм. Во рамки на посетата на Демир Капија, Николовски имаше средба со градоначалникот Лазар Петров и ги посети откупните пунктови за грозје. Во текот на денот ќе има и средба со лозарите од овој регион со цел да се види моменталната состојба со бербата и откупот на грозје.

Слични Објави